Saturday, August 14, 2010

Опинок си е опинок!!!

Више почнав да бројам двоцифрено на календар од престојот кај баба ми на село кога и стигнаа дрвата за огрев и наравно мораше ја да се фатам за работа. Е сеа све ќе беше убаво да имаше неколку шифоњер-батки да ми помогнат али јебига. На мука, на плачење, на фраерлук зашто комшиката со добиеното баш тогаш фати да пружа алишта на балкон го истоварив некако. Е сеа више и да немаше добиено џабе ми беше пошто ташаците по земја ми се влечеа од умор.

Пројде тоа и седнав да одморам дур да се врати комшијата од работа за да помогне малце со цепање. Ај да не излезам мрза реков ќе идам до кај оној од карши да земам секира па да удрам сам малце. Не дека многу ќе завршам работа, ама оваа и кафе си напраи на балкон па се осеќав ко на оценување. Коа тропам ја на врата и никој не отвара, а дома беа, баш ги видов 10 минути пред тоа. Чукнав пак ама џабе нема фајде. Ај зајеби и баталив. Пројде тоа шо пројде, чичко Митко си дојде од работа и ми помогна, читај он цепеше дрва ја ги подавав.

После некој ден го видов комшијата од карши и го поздравив. Не ми врати, само избега ко од чума. Јебига брза чоекот, може не ме виде, си има работа-си реков. И така си пијам ја кафе кај оваа од првиот пасус, откако и пројде добиеното наравно, и ја прашувам шо се десило со комшијава.

А не комуницира он више со нас сељаците, испод части му е откако го бутнаа да биде директор од партија. Иначе јунакот у причава до пред 2 години го имаше најскапаниот 101 у свет и цела улица го гураше од сабајле за да запали и овој да не закасни на работа. Беше најсиромашен у село и сите му помагаа. А сеа нигде го нема за нив.

О бе опинок ниеден покондурен. Никоја власт не е зимзелена, ко шо паднаа предходните ќе паднат и овие. После шо ќе праиш коа нема да имаш за леб пак и коа ќе нема кој да ти го гура кецот???-си спремив да му спуштам коа ќе го видам. Штета шо не го видов до крај на престојот мој таму.

Абе и полоша ствар од покондурен опинок нема!!! Џабе му е све!!!

Уригиналот!!!