Friday, October 1, 2010

Коцкари, зналци, заебани тракатанци…

Додека србите по желба ама со грешка на крај на презиме на масата карши мене го жалеа поразот на Партизан исто ко шо ја го жалев поразот на Кометал у финалето 2005, ја допивав пијачката од куќата и со поглед барав појако дрво за да се обесам. По 478ми пат ме еба една утакмица за јака пара.

За да боли уште поише парите отидоа курбан зашто го испуштив маалскиот стручен састанак у локалниот кафиќ кај шо после макотрпна дискусија бил донесен заклучок дека Милан треба да се игра гол-гол а не двојка!!! И така дур над глава ми висеа насмевките на сите шо упецаа пара кладилничарска дента почнав да пиздам на стручните анализи на зналците шо наравно знаеле дека Милан нема да тепа, дека Арсенал ќе го истури Партизан и тако даље, ама никој нејкел да игра. Пошто нели никој нејке пари!!!

И така со едната нога у септичка јама и дужен ко Грчка планирам како би си ги вратил парите!!! И наравно ако го испушам пак ќе ми биде крив Цацко!!!